Ќе ве растажи до солзи: Како едно 16 годишно куче и го спаси животот на својата газдарица

Куче кое било мешавина од хаска и ротфајлер по име Мејсон бил покрај својата газдарица цели 16 годни. Свесна дека почнало одеднаш да губи сила, и дека нема уште долго да живее, таа решила да го одведе на една авантура. Не ни сонувала како ќе заврши то кобен ден…- Го одбрав Мејсон бидејќи сите други кучиња квичеа од леглата и скокаа, а тој стоеше и ги душкаше цвеќињата – вели газдарицата на песот.

Кога и да била тажна, било доволно само  Мејсон да го испружи јазикот и да ги подигне ушите…Нејзиното расположение веднаш се поправало.  

Сакал да се милува со нејзиниот постар брат, но и со други луѓе. Сите велеа дека има добра личност.

 
Во текот на последните две години, Мејсон одеднаш почнал да гувби снага, Видот му се лошил и станал побавен.

– Постојано очекував да почине додека спие или да колабира додека сме на хајка.

Мојот најлош страв беше да не мора ние да го убиваме. Искрено, мислам дека не би можела да поминам преку тоа. Иако многу остарен, сепак тоа е тој, Мејсон. Но, тој продолжуваше да се бори, одбивајќи да се смири. Тој се движеше бавно и не можеше да оди толку далеку, но никогаш не се откажуваше.

 

Оваа зима јас сакав да направам што е можно повеќе авантури со него, знаејќи дека нашите денови заедно се изброени. На 5-ти март јас, Мејсон и уште 3-те наши помлади семејни кучиња правевме брза обиколка на нашиот имот пред да заминам на работа.

Бевме на околу 2 километри оддалечени од дома, кога забележавме дека некој не следи од страна. Веднаш препознав дека тоа е волк. 15 години не сум видела волк во нашшата долина, но волците обично се кријат од луѓето, особено од оние кои шетаат наоколу со 4 кучиња. Веднаш тргнавме по патот назад кон дома, не гледајќи кон волкот, мислејќи дека ќе ги види кучињата и ќе се повлече.

 

По неколку минути, најмалото куче залаја, јас се свртев и го видов волкот како стои на 2 метри од нас. Беше огромна волчица, висока отприлика до мојата половина.

Изгледаше уплашена, но одлучна и што е најстрашно изгледаше гладна. Бевме во неволја. Таа нападна и следните неколку минути ги поминавме обидувајќи се да ја избркаме. Јас ја удирав со стапот од скиите, кучињата напаѓаа, но внимаваа да ги  одбегнат нејзините заби. Таа беше слаба, но беше добар борец.

 

Јас и Мејсон се најдовме како се бориме еден до друг. Волчицата ме гледаше во очи, но ги напаѓаше кучињата. Таа конечно успеа да го дофати најмалото куче, но Мејсон и се пушти. Наеднаш мојот стар другар изгледаше поголем и посилен од кога било.

Волчицата го пушти кучето, но го фати Мејсон со забите за вратот. За дел од секундата се беше завршено. Никогаш во животот не сум врескала толку силно. Секое делче од мене ми велеше да ја убијам, но ако се обидев само можеше и јас да настрадам. Беше предоцна, Мејсон беше мртов и таа го јадеше.- Го одбрав Мејсон бидејќи сите други кучиња квичеа од леглата и скокаа, а тој стоеше и ги душкаше цвеќињата – вели газдарицата на песот.

Пронајдете не на следниве мрежи: