Како би ги предупредиле луѓето околу тоа кои намирници се најздрави за нив, американскиот „Enviornmental Working Group“ секоја година објавува листа на овошје и зеленчук со најмногу пестициди во нив.Научниците веруваат дека овошјето и зеленчукот кои се нашле на листата впиваат занчително повеќе пестициди од другите продукти.
Кога и да можете, купувајте проверени продукти. А доколку не сте сигурни во нивниот квалитет, секогаш лупете ги, не јадете ги со лушпа или кора.
Како продукти кои најмногу впиваат од пестицидите се наброени: јаболката, грозјето, јагодите, целерот, праските, спанаќот, пиперките, краставиците, шери-доматите, грашокот и компирите.
Од другата страна на списокот пак, оние со најмалку пестициди, се: авокадото, пченката, ананасот, зелката, замрзнатиот грашок, кромидот, пашканатот, мангото, папајата, кивите, модрите патлиџани, дињата, карфиолот и слаткиот компир.Научниците веруваат дека овошјето и зеленчукот кои се нашле на листата впиваат занчително повеќе пестициди од другите продукти.



