Никој не останува рамнодушен на детската логика. Тие секогаш знаат да не насмеат со нивното интересно, но искрено и чисто гледање на работите. Прочитајте некои од нивните слатки бисерчиња.Девојчињата не можат да мочкаат стоејќи бидејќи нема за што да се држат.
Кога бебињата се уште мали, седат во стомакот на мајката, зошто таму никој не може да ги украде.
Мајка ми е навистина убава, уште се гледа дека била млада.
Јас подоцна ќе се оженам со мама, не сакам некоја непозната жена.
Црвите не можат да касаат зошто имаат опавче и од напред и од позади.
Во зима кокошките не носат јајца зошто дупката низ која поминуваат јајцата е замрзната.
Во групата на животни со пердува спаѓаат: кокошки, патки, мисирки, птици и Индијанци.
Треба да спиеме со отворен прозорец зошто дишењето е здраво.
Мене не ми треба сирупче за кашлање, јас можам да кашлам и без него.
Не можев да ја изедам бананата, мама предобро ја спакувала.
Мама има бебе во стомакот, ама не знам како го голтнала.
На мајките не треба да им се вика, тие се корисни.
Кога двајца млади ќе се бакнат, веднаш се соборуваат и не стануваат цел саат.
Повеќе не се случуваат чуда зошто имаме телевизор и компјутер.
Исус бил толку убав, што не сакале да го закопаат па го ставиле на крст.
Бебето се навикнува на родителите кога мама и тато наизменично го дојат.
Љубовта се случува кога ќе те погоди стрела, ама потоа ништо не боли.
Полуостров е остров што уште не е направен до крај.
Јас немам баба веќе. Ја посадија на гробишта.
Кога баба ја болат забите, таа ги става во чаша.
Докторот пред да оперира некој мора да го стерилизираат.
Тато сее семе, а мама носи јајца. Така настануваат бебињата.
Не смееш да убиваш, зошто после може тој да ти се освети и да те убие тебе.
Луѓето не можат да живеат на месечината, зошто кога ќе има полумесечина нема да има кај да одат.
Убаво е што дедо и баба се заедно во гробот. Може да си зборуваат ако им е досадно.
Колку е постар човекот, толку му се поскапи забите.
И полицијата има хеликоптери, за ако се случи нешто во рајот, да одат таму и да го средат тоа.
Девојчињата не можат да мочкаат стоејќи бидејќи нема за што да се држат.
Кога бебињата се уште мали, седат во стомакот на м



