Лекот кој би можел да го излечи аутизмот наскоро треба да биде тестиран и на заболените деца. Лекот е наречен „Сурамин“ и е веќе користен за лечење на „болести на спиење“ во Африка, а на тестовите на глувците покажал дека ги отстранува симптомите слични на аутизам.На молекуларно ниво, овој лек ги нормализира конекциите во мозокот а сигнализацијата измеѓу ќелиите влијае на метаболизамот.
Американските научници откриле дека лекот лечи 17 типа на абнормалности поврзани со аутизмот на генетски модифицираните глувци, кои го вклучуваат проблемот со друштвеното однесување.
Аутизамот е широко распространета состојба, главно забележана кај децата, која влијае на способноста на личностите за социјализација и комуникација, а има и големо влијание на целиот живот.
„Нашата теорија претпоставува дека аутизмот се случува бидејќи ќелиите се заглавуваат во одбраната на организмот и не можат нормално да функционираат измеѓу себе, што влијае на мозочниот развој и функција- кажува професор Robert Naviaux, заменик на директорот на Центарот за митохондријални и метаболистички болести на Универзитетот во Калифорнија.
Користевме лекови кои можат да се користат и за лечење на други болести. Овој пат ги користевме за да го блокираме „опасниот“ сигнал во мозокот на глушецот, допуштајќи им на ќелиите да се вратат во нормална состојба на метаболизмот и да ја обноват комуникацијата. На молекуларно ниво, овој лек ги нормализира конекциите во мозокот а сигнализацијата измеѓу ќелиите влијае на метаболизамот.
Американските



