Патриција Џексон (68) од Бридлингтон- Велика Британија летала накај својот дом после одморот во Португалија. Но ни самата не очекувала дека ќе и се случи вакво нешто. Нејзиниот пупак наеднаш експлодирал.На оваа жена и се доделени 27.000 евра оштета откако после операцијата нејзиниот папок експлодирал во авионот.
Кога имала 60 години таа се одлучила на операција бидејќи не била задоволна со својот изглед. Изгубила доста килограми, но и сметала кожата која и била вишок и и висела. Поради тоа се одлучила во 2005 година на операција во една приватна болница. Хирурзите успеале да и го отстранат вишокот на кожа и сало, и и ги затегнале мускулите на нејзиниот стомак.
Но тие не и „направиле“ нов папок бидејќи немале доволно „материјал“, а тоа е честа појава кај ваквите операции, па деловите од стариот папок ги оставиле во нејзиниот стомак.
Првата година после операцијата се било во ред. Но, кога потишла на контрола хирургот бил доста загрижен поради белезите кои изгледале доста лошо. Ултразвукот покажал инфекција под белезите, која можела да се излечи со антибиотици.
Откако ја напуштила болницата таа почувствувала многу силни болки и необјаснив мирис од течностите кои излачувале од раните.
Таа посетила специјалист. Но, ни специјалистите не можеле да дефинираат што и се случува и да откријат дека всушност стариот папок и е останат во стомакот. Наместо тоа и навеле инфекција.
После некоја година откако собрала доволно храброст решила да оди на одмор во Португалија.
На враќањето назад, пред да влезе во авионот, забележала пликови на стомакот. Откако полетале, нејзиниот пупак експлодирал. Од раните започнале да течат течности, а патниците започнале да се жалат на миризбата.
За сета среќа и помогнала стјуардесата во преврзувањето на раните. Кога се симнала од авионот, го повикала својот брат кој ја однел во болница. И направиле операција жената добила нов папок и повеќе нема никакви болки. На оваа жена и се доделени 27.000 евра оштета откако после операцијата нејзиниот папок експлодирал во авионот.
Кога имала 60 години таа се



