Отров за глувци + ацетон + амонијак + цијанид + DDT + … = цигара!!!

Познато е дека цигарите се штетни за здравјето на човекот, а пушењето е поврзано со мноштво болести. Меѓутоа, дали знаете што навистина се наоѓа во цигарите?Интернет страницата Smoke Free Forsyth, наведува дека цигарите содржат повеќе од четири илјади хемикалии, а голем број од состојките е идентичен на оние состојки кои што се среќаваат на токсичните отпади.
Спомнатата страница ги откри најшокантните состојки во цигарите, па меѓу другото, во нив се наоѓаат: ацетон, отров за глувци, амонијак, метан…
Цигарите исто така содржат и арсен, кој се користи во отровите за глувци и бутан кој што се користи за гориво. Јаглерод моноксидот кој што е отровен плин, разни бои и кадмиум кој што се користи во батериите, исто така се наоѓаат во составот на цигарите. Освен тоа, во цигарите се наоѓа и цијанид, како и забранетиот инсектицид DDT.
Цигарите содржат и формалдехид кој се употребува за зачувување на мртви животни, потоа хидразин, односно ракетно гориво како и киселина која што може да се најде во восокот од свеќите. Цигарите содржат олово и полониум – радиоактивен елемент што предизвикува карцином.

 
„Еден од главните проблеми со цигарите е тоа што имаат стотина дополнителни состојки, не само оние што природно се наоѓаат во тутунот како растение. Тоа што дополнително ја комплицира ситуацијата е фактот дека кога ќе се запалат тие хемикалии, настанува друг облик од истите, што може да предизвика дополнителни негативни влијанија врз здравјето“, вели докторката Лиз Клаудио.
Организацијата American Lung Association наведува дека најмалку 69 хемикалии што се наоѓаат во цигарите предизвикуваат карцином и дека се отровни.
Тие исто така велат дека пушењето се уште е причинител за прерана смрт во САД и дека пасивното пушење предизвикува околу педесет илјади смртни случаи секоја година.Интернет страницата Smoke Free Forsyth, наведува дека цигарите содржат повеќе од четири илјади хемикалии, а голем број од состојките е идентичен на

Пронајдете не на следниве мрежи: