Ова е навистина интересно. По читањето на овој текст никогаш повеќе нема да ја гледате бананата на ист начин.Бананите содржат три природни шеќери- сахароза, фруктоза и гликоза во комбинација со растителни влакна. Бананата одржува вистински поттик на енергија.
Истражувањето покажало дека само две банани се доволни за енергија за да бидете активни во 90 минутно вежбање.
Затоа не се чудете што бананата им е овошје број 1 на на водечките спортисти низ целиот свет.
Но таа не претставува само извор на енергија. Таа е исто така и лек за многу болести и состојби, што воедно и затоа претставува извор дел од секојдневната исхрана.
Депресија
Според неодамнешната анкета на луѓето кои страдаат од депресија, тие изјавиле дека се чуствуваат многу подобро после јадењето на банана. Тоа е така бидејќи бананите содржат триптофан, еден вид на протеин кој телото го претвора во серотонин кој го опушта вашето тело и го подигнува вашето расположение и прави да се чувствувате посречни.
ПМС
Заборавете на апчињата- јадете банани. Витаминот Б6 го регулира нивото на гликозата во крвта и така може да влијае на вашето расположение. Богата со железо бананата може да го стимулира производтсвото на хемоглобинот во крвта и така помага и во многу случаи на анемија.
Убод од комарец
Доколку ве касне комарец веднаш земете ја кората од бананата и започнете да ја триете на одреденото место каде што ви е убодот. Многу луѓе сметаат дека ова е неверојатно успешно во намалување на отокот и иритација.
Нерви
Бананите се богати со Б витамини кои му помагаат на нервниот систем.
Чирови
Бананата се користи како диетална храна против цревните нарушувања поради својата мека текстура и мазност.
Контрола на температурата
Ова овошје верувале или не служи и за намалување на температурата. Во Тајланд на пример бремените јадат банани за да родат дете со ниска температура.Бананите содржат три природни шеќери- сахароза, фруктоза и гликоза во комбинација со растителни влакна. Бананата одржува вистински поттик на енерги



