Парче лимон во чаша со вода или некој друг пијалк е вообичаена работа. Меѓутоа, дали некогаш сте помислиле дека притоа внесувате многу повеќе материи во својот организам, и тоа оние непосакуваните?Во текот на истражувањето спроведено од страна на Journal of Environmental Health, истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги посетеле 43 пати. Утврдиле дека дури 70 отсто од парчињата лимон содржат микроорганизми.
Примероците ги земале веднаш штом ќе биде послужен пијалакот, што значи пред да го испијат или да направат некој друг физички контакт со него. За потеклото на микробите научниците можеле само да нагодуваат.
„Иако е познато дека лимонот има некои антибактериски својства, резултатите покажале дека широкиот спектар на микроорганизми може да опстане дури и на нерасечен лимон. Сопствениците треба да се свесни дека заедно со лимонот во чашата ставаат потенцијално патогени микроорганизми,“ се наведува во студијата.
Филип Тиерно, професор по микробиологија и патологија во медицинскиот центар NYU Langon, спровел десетина слични истражувања. Открил дека дури половина од лимоновите парчиња се загадени со човечки фекалии поради директниот допир и фаќањето со прсти.
Забележано е дека многумина работат во нехигиенски услови, а освен тоа во допир се со други намирници или миеле чаши, а после тоа ја фатиле храната или лимонот без ракавици и без претходно измиени раце.
На лимонот можат да се пренесат бактерии и доколку не се измијат рацете по одењето во WC, кивањето или кашлањето.
Тиермо вели дека постои можност консументот поради тоа да се разболи, но тврди дека не постои голем ризик. Во текот на истражувањето спроведено од страна на Journal of Environmental Health, истражувачите прегледале 76 лимони собрани од 21 ресторан кои ги



