Исповед: Последиците останаа но туморот успеав да го победам три пати

Елизабета Стојановиќ од Индија на своите 26 години имала живот каков што би посакала секоја жена, брак, работа и две деца. Меѓутоа, летото во 1991 година се се променило.
Убавиот семеен живот одеднаш го променила една дијагноза ,тумор на мозокот!Елизабета некое време имала чувство дека нешто не е во ред. Чувствувала притисок во главата, трнење на нозете, рацете и половина од лицето. Меѓутоа таа не обрнала многу внимание на овие симптоми мислејќи дека  се само пролазни тешкотии.Ја сретнав докторката  Коркут  која беше педијатар на моите деца а во тоа време отварала нова кликина. Ме прегледа и пред се ме послуша и ме посоветува да закажан за скенер.Веднаш се посомнева дека имам тумор- започна со својата приказна Елизабета.
Прегледот на скенерот беше закажан за март 1992 година, а Елизабета била на граница да се откаже од истиот поради долгото чекање. Заради инсистирање на својата пријателка сепак оди на прегледот кој само го потврдил сомнежот на докторката од Индија.
При операцијата го изгубила слухот на десното уво и и бил пресечен нерв, со што се предизвикало крварење на лицето. Докторите пробувале да ја утешат дека се ќе се врати во нормала после шест недели, но тоа никогаш не се случило. Како што кажува, тогаш и било најважно децата да ја прифатат без оглед на тоа што и се случило. Поминала неколку месеци одејќи во бања на терапија, која и ја прекинале одеднаш заради големиот одлив.
После прегледот лекарската комисија заклучила дека има рак на грлото на матката. Ја следеле многу терапии и зрачења, операција не била потребна. Не верувала дека ќе дочека триесет години.
Две години подоцна во средината на 1994 година приметува дека слуша послабо, овој пат на левото уво. Слушниот апарат не и помагал воопшто.
Пвторно направила снимање на главата а резултатиот бил истиот- тумор на истото место како и претходниот пат но овој пат на левата страна.
Пред самата операција докторите разговарале со неа и и рекле дека може да дојде до тоа да и „спадне“ и другата страна на лицето. Елизабета се сомневала во тоа дека ке остане целосно глува, во што и за жал се уверила после операцијата.

Мажот ја оставил после третата операција
Следело привикнување на новите услови во животот.
Тој пат си дојдов од болица на 31 декември баш пред Нова година. Децата ја украсиле елката, ме чекаа ми раскажуваа за приредбите во школо, ми рецитираа, многу ми беше жал што сето тоа сум го пропуштила.
Знаковниот говор за глувонеми ме научи дека ако живеам со луѓе кои нормално слушаат и зборуваат најубаво ќе биде  да читам од усни.
Имаше периоди кога бев страшно осамена, кога не можев да го користам телефонот а сеуште немав мобилен телефон а ниту користев компјутер.
Тешко ми беше да ги убедам пријателките да ми пишуваат писма а јас одсекогаш сум сакала да читам книги и да пишувам писма- раскажува Елизабета.
Се беше во ред колку што можеше да биде до 2004 кога приметила дека има проблем со рамнотежата. Се плашела да излегува навечер во случај да не ја изгуби рамнотежата и падне. Кога отишла на контрола и бил утвден уште еден тумор и тоа огромен кој и го притискал  центарот за рамнотежа.
После лошите вести била многу исплашена  бидејќи после сите операции била убедена дека ќе остане неподвижна. За среќа тоа не се случило. Операцијата поминала успешно  без никакви компликации. До својот дом стигнала на своте сопствени нозе качувајќи се по скалите како и обично.
После опоравувањето од третата операција следело- РАЗВОД! И било многу страв како се ке функционира бидејќи ќерките останале со неа. Тие и помогнале на својата мајка на најдобар можен начин бидејќи биле многу добри деца. За време на студирањето добиле стипендии, го завршиле факултетот во рекорден рок и брзо си нашле работа.
Постарата Татјана која неодамна се омажила, е новинар, а младата Наташа психолог.

Освен нејзините ќерки и нејзините пријателки голема подршка и биле и нејзините роднини. Како што кажува таа сите се труделе да ја сфатат и и помагале во се што и било потребно.
Ниче еднаш рекол дека животот треба да се живее како што би можеле да го живеете и во некој друг живот!
Ако мене ми е судено да живеам ваков живот , нека биде така, најбитно е да се помириш и да го прифатиш тоа што неможе да се смени- заклучува оваа жена со голема енергија во себе.Елизабета некое време имала чувство дека нешто не е во ред. Чувствувала притисок во главата, трнење на нозете, рацете и половина од лицето. Меѓутоа

Пронајдете не на следниве мрежи: