Дали ви се допаѓаат спамери кои се појавуваат на вашите статии, блогови, веб страници, па дури и во вашето сандаче/ inbox? Мислам, никој не ги сака. Но, што ако некој ве гледа дека сте онлајн и чувствува дека вие сте спамер? Тоа може да се случи! Начинот на кој се однесувате на интернет, начинот на кој се поврзувате со луѓето, како коментирате, на кој начин зборувате во социјалните мрежи и какви пораки оставате, луѓето можат да го дефинираат како спамерско однесување дури и ако вие не се сметате за таков. Тука ќе споменеме неколку работи кои мисламе дека може да направат некој да изгледа како спамер. Би сакале да споменеме дека не обвинуваме никого, само споделуваме наше мислење:
10 Работи кои те прават спамер
1. Немате Gravatar во вашите коментари
Ние не го укажуваме на некој посебно ова, но навистина е потешко и многумина не сакаат да одговараат или да читаат коментарите од луѓе без Gravatar/ профил слика, а некои веб сајтови водат и таква политика во која истите тие не се одобрени.
Ако ви се допаѓа да коментирате, а не се покажува вашето лице во коментарите тогаш оставате впечаток дека не правите ништо друго освен спам линкови или виртелен отпад кој нема никаква вредност. Можеби вие не го правите тоа и навистина сте заинтересирани да ги презентирате вашите мисли за некоја статија, но без Gravatar тоа не изгледа толку ефективно и индиректно влијае да не ја постигнете вашата цел, т.е. да биде слушнато вашето мислење.
Совет: Навистина е лесно да се направи еден gravatar, нема да трае повеќе од две минути.
Едноставно кликнете на gravatar.com, додадете го вашиот e-mail и вметнете слика, некои платформи ја нудат опцијата за профил слика, а можеби некои од уникатните, индивидуални социјални платформи имаат напишано и туториал за тоа.
2. Вашиот Gravatar не е вистински
Истото важи и ако вашиот Gravatar е со слика на некоја популарна, славна личност или модел, а не со вашиот, реалниот идентитет/ лик. Во коментарите се појавуваат луѓе кои доаѓаат од истокот, а носат ликови на познати американски ѕвезди, луѓе од Европа кои носат индијански ликови со американски имиња кои јасно укажуваат дека лицето не е реално.
Совет: Наместо да користите слики од познати личности, предмети користите ја вашата реална слика која ако може да биде направена така да сте сликани поблиску до вашето лице.
Така што, луѓето / блогерите може да ве идентификуваат кога ќе го видат вашиот коментар на било кое место или страница. Ако имате добро воспоставено бренд лого тогаш можете да го користите и како ваш Gravatar.
3. Не го користите вашето вистинско име во коментарите, пораките и вашиот e-mail
Што треба да разбереме кога ќе видиме еден коментар од “Најдобар eBook магазин” или нешто слично како “Најдобрите празнични пакети”? Сме виделе коментари со ваков тип на имињата на многу блогови. Не практикувајте да ги одобрувате на вашите блогови, се запрашувате ли зошто другите го прават тоа и ги одобруваат? Ако го правите истото и наместо вашето име ги внесувате вашите клучни зборови како овие погоре секој ќе ве разгледува и прифаќа како линк градител, што е еден вид на спамерство, всушност..
Тоа понекогаш прави проблем и со испраќањето на вашите информации и мног често завршуваат во кутијата за спам во вашиот e-mail.
Совет: Да, знаеме дека така е полесно градењето на линкови со помош на вашите клучни зборови, но делот за “Име”-то кога веќе сте се решиле на маркетинг со помош на коментирање, можеме да кажеме дека тоа не е вистинското место за тоа. Секој треба да знае со кого зборува, брендираните имиња се градат на друг начин.
4. Исти онлајн коментар на сите постови
Имате ист коментари кој треба да го пишувате цело време, поголемиот дел од времето тоа е “Многу добар артикл, Ви благодариме за споделување”.
Повторно, тоа ќе остави впечаток дека градите линкови, само сте автоматски собирач на содржина.
Совет: Како прво, до сите: никогаш не сме ја разбрале логиката на тоа да кажеме: “Ви благодариме што го напишавте ова”. Второ, ако немате што да кажете, тогаш само споделете ја нивната статија на неколку места и тоа е се.
5. Вашите коментари немаат никаква вредност
Пишувате коментари, но тие се надвор од контекст понекогаш. Сте виделе ли коментари на вашата страница или блог, на пример, “Мојот пријател ја препорача вашата страница/ блог, јас сум Ваш редовен посетител, пишувате многу убави статии, со нетрпение очекувам да прочитам повеќе статии од вас” и така натаму.
Совет: Можете да ја напишете вашата перспектива на видување на нештата или да го дадете вашето мислење за истата тема или да го одвоите било кој момент во статијата, но навистина, Вие не треба да коментирата ако немате нешто значајно да кажете.
6. Обожаваш да ги споделуваш твоите линкови насекаде
Откако ќе започнете со споделување на вашите линкови со содржина, не запирате. Истите ваши линкови може да се видат насекаде, на сите социјално расположени платформи како: Фејсбук, Твитер, гугл групите и сл, кога твитерот или newsfeed-от е секогаш полн со твоите информации. Тоа не иритира најмногу, а сигурно и другите пријатели се чувствуваат исто.
Совет: Тенка е линијата која постои помеѓу Блог Промоцијата и спамирањето. Да, на секого му треба блог промоција, но треба да има ограничување, смисла; колку пати и кога треба да го споделите вашиот напис.
7. Ги додавате сите како пријатели на фејсбук без да ги познавате лично
Имате околу 300 луѓе кои очекуваат да ви станат пријатели на Фејсбук? И не познавате ни еден од нив? Имате само малку или неколку заеднички пријатели? Сте го пробале овој систем порано и знаете дека тие луѓе/ пријатели никогаш не велат “Здраво” или “Ало”, никогаш не разговарате, ништо. Тогаш зошто се додавате меѓусебно? Само за да ја покажете вашата надградба или вашите линкови до стигаат до максимална публика.
Совет: Треба да се додаваат само оние кои се наши познати, и само така да се шири нашата листа. Ако сакаме да запознаеме некого и му ипратиме покана за пријателство тогаш можете да напишете учтив (poliete) вовед или порака интро со тоа што ќе се претставите кои сте, што сте, од каде ја најдовте таа личност и зошто сакате да ја додадете/ контактирате. Обично повеќето прифаќаат таков тип на однесување и виртуелно зближување, никогаш не помислувајте на тоа дека лѓето се само бројка, секогаш има некого на другата страна.
8. Правите премногу правописни грешки во своите постирања и коментари
Изгледа како да не се грижите за тоа што пишувате, без разлика дали е тоа коментар или некој од вашите написи на блог. Вие само сакате да објави статија како би дале на знаење на вашата публика дека пишувате и објавувате коментар само за да добиете повратна информација од нив, да се створи спамерскиот ефект на комуникација. Ако не сте знаеле, на пребарувачите не им се допаѓаат блоговите или сајтови со правописни грешки, и навистина ниту еден автор/ блогер не сака да објавува коментари со правописни грешки.
Совет: Понекогаш е можно да се направи правописна грешка, погрешно. Тоа е добро за да ви покаже дека треба да ја прочитате вашата статија или коментар пред да удрите на копчето за публикување за последен пат. Ако користите Хром тогаш тој ќе ви ги покаже правописните грешки автоматски.
9. Ги зголемувате НЕПОТРЕБНО ВАШИТЕ ЗБОРОВИ во електронската пошта и АЖУРИРАЊА НА вашите статуси
Некогаш, некои зборови (неколку) се зголемуваат, но тоа е исклучиво ако постои нешто што сакаме да бидеме сигурни дека луѓето ќе го прифатат како (за)белешка, или нешто екстра посебно, како giveaway или нешто. Но, не се капитализираат/ зголемуваат сите зборови во вашата изјава/ статус или e-mail непотребно, само за да бидат забележани од страна на луѓето таму, од другата страна. Сте виделе премногу споделувања каде целото резиме е напишано со капитални букви. Тоа е апсолутно ужасно, ок, не е добро.
Совет: Користете капитални/ големи букви/ зборови само за да потенцирате нешто важно, главните зборови или одредената работа која е цел, не ЦЕЛАТА реченица.
10. Имате повеќе твитер следбеници од познатите личности
Сериозно? Не сте голем човек, но сепак имате повеќе од 100k следбеници и следите стотина луѓе со не повеќе од 100 твитови. Се разбира, ова не е реално. Има премногу луѓе со лажни следачи/ follower-и, со лажни профили. Тоа не им дава ништо повеќе од спамерски впечаток.
Совет: Ако навистина мислиш дека купувањето на следбеници ќе им остави на вашите читатели и клиенти добар впечаток, тогаш заборави на тоа. Секој онлајн потрошувач/ конзумент знае дека овие следбеници може да се купат за неколку долари. Подобро е да се биде оригинален!
Дали нешто од ова ве допира вас, има ли сличности со вас, некоја од точките да ве закачува? Ќе го признаете ли тоа?
Овде спомнавме 10 точки што може да направат да изгледате како спамер, но мислите ли дека било која од овие точки има нешто заедничко со вас(?!) Ако одговорот е “да” ќе го признаете ли тоа, ќе го споделите ли со Нас во коментар?!
Би сакале да слушнеме ваше мислење. Кои се вашите размислувања на оваа тема? Што мислите дека сме пропуштиле во најчестите спамирачки методи?
:off for spamming: 😀
Извор: Think.mk Начинот на кој се однесувате на интернет, начинот на кој се поврзувате со луѓето, како коментирате, на кој начин



