Зошто на вашето лице му е неопходна масажа

Ако сакате да ја одржите вашата кожа еластична, еве што треба да направитеКако и сите други мускули, така и оние на лицето го учат она што постојано го правиме. Тоа значи дека ако постојано ги оставаме во одредена позиција на напнатост, така и ќе останат. Ткивото мора да се движи за да се ослободи и да се задржи еластичноста.
За лицето е суштествено да дозволува изразување на емоциите, но мора да го масирате целото лице наутро и навечер со кружни движења со вашите прсти во спротивна насока на секоја рака. На тој начин ги уништувате претходно настанатите црти на тензија на лицето.
Важно е да не ја изоставите масажата на краевите на лицето (до линијата на косата и брадата) бидејќи овозможува нежен и целосен лифтинг на кожата.
Стискањето на вилицата го стеснува протокот на крв во мозокот и ги стиска нервите кои одат нагоре во главата. Оваа состојба заедно со тензијата во мускулите доведува до лоша снабденост со крв во ткивото кое значи загуба на еластичноста на кожата.
Со релаксирање на мускулите на устата може да се спречи вкочанување на ткивата на образите и вратот, при што се спречува дегенерација на ткивата. Како се прави ова? Ставете го врвот на јазикот на горната вилица во вашата усна празнина и отпуштете ја вилицата.
Ослободувањето од тензијата е клучно за да се чувствувате здраво и убаво. Ако имате стегнати вилици, тоа може да допринесе за тензија, главоболки, замор, вознемиреност и недоволно спиење.Како и сите други мускули, така и оние на лицето го учат она што постојано го правиме. Тоа значи дека ако постојано ги оставаме во одредена позициј

Пронајдете не на следниве мрежи: