Споредбата на знаењето на учениците во светот се одвива со години. Сега една студија спореди што знаат работно способните луѓе од 24 земји.Резултатите покажаа дека тие кои се полошо образовани многу полошо поминуваат во животот.
Организацијата за економска соработка и развој претстави студија налик на ПСА тестот за ученици. Само што овој пат во клупите се најдоа возрасни, работно способни од 16 до 65 години и од 24 држави во светот. – Целта беше да дознаеме со какви вештини се служат возрасните, како ги користат своите компетенции во животот и на работното место и како тоа влијае на нивниот животен стандард – објасни за Дојче веле статистичарот Андреас Шлајхер, кој учествувал во стидијата. Резултатите се јасни: Компетенциите одлучуваат за положбата на пазарот на трудот, но и за тоа дали луѓето во политика се чувствуваат како субјекти или какообјекти.
Образованието придонесува за одговорноста кон сопственото здравје или личниот ангажман – вели Шлајхер.
Задачите кои се поставени пред 160.000 испитаници во светот, главно биле едноставни – основна математика, читање и разбирање на прочитаното и работа на компјутер. Една од задачите била да се прочита и разбере упатство од градинка до родителите – на почетокот на тој текст јасно стои: Ве молиме, донесете го детето во градинка најдоцна до 10 часот.
Следат низа други ставки, а потоа прашањето. Кога најдоцна треба да го донесете детето во градинка? Кој не знае да одговори на тоа прашање, а такви имаше многу, тешко може примерно да учествува во општествениот живот во Германија, вели Андреас Шлајхер.
И возрасните се деца на своите родители Најдобри резултати постигнаа Јапонците и Финците, најлоши Шпанците и Италијанците. Германија е нешто под просекот, а на тоа придонесува лошото разбирање на прочитаното за кое германскиот печат пишува дека често е под нивото на ученик во основно образование.
Во компјутерските задачи Германците стојат подобро од просекот. Меѓутоа, нашиот соговорник предупредува дека и меѓу 5.000 тестирани Германци постојат огромни разлики и дека релативно голема група испитаници покажуваат очајно знаење – посебно се мисли на имигрантите, или како што коректно се вели во Германија – луѓе со мигрантска позадина.
Екстремните разлики се последица од општествениот статус на семејствата. Луѓето чии родители не завршиле ни факултет ни стручно образование, ни занает, покажале очајни резултати во просекот – впрочем исто како и децата на ПИСА тестот.
Михаел Шеман, професор од кинескиот Универзитет задолжен за образование на возрасни, забележува интересни разлики и во рамки на поединечни држави. Така на пример, во Јужна Кореја постои огромна разлика во компетенциите на младите луѓе, кои се подобро образовани, и постарите.
Слично е забележано и во Финска.
Образованието мора да се исплатува
Програмите кои ги води Шеман нудат преквалификации или дополнително образование на возрасни. Иако постојат можности, а образованието главно е бесплатно, на тие што најмногу им треба образование, најмалку го стекнуваат. Луѓето со најлоши резултати на тестот посегнуваат за дообразование дури осум пати поретко од тие со најдобри резултати. Андреас Шлајхер вели дека работите тука стојат подобро во скандинавските земји и Јапонија и тоа го нарекува култура на дообразование. – Германските универзити пред се образоваат млади лушеи нивната понуда е доста еднонасочна – вели овој експерт.
Професорот Шеман смета дека студијата е важен чекор, но дека сега понудите за дообразование треба навистина и да допре до слабо образуваните луѓе. – Треба да се разбие спиралата на слабо образование и невработеноста. Тоа е наша задача – вели Шеман.
Притоа, клучно е дополнителните компетенции кои не се стекнуваат во рана младост, на крај да се одразат и на состојбата на паричникот – додава Шлајхер. – На механичарот мора да му се овозможи со понатамошно образование да стане инжинер. Тоа мора да го признаат и универзитетите и работодавците. На крајот на краиштата, секое знаење и статус треба да се одразат и на заработката и на позицијата на пазарот на трудот.
МИАРезултатите покажаа дека тие кои се полошо образовани многу полошо поминуваат во животот.
Организацијата за економска соработка и разв



