10 работи кои ве убиваат а за тоа не сте свесни!

Здравјето пред се!
Сите сакаме да живееме долго, а советите како да го постигнеме тоа, ги читаме секојдневно. Но, внимание треба да посветиме на секојдневните ситници кои полека но сигурно не убиваат.
Погледнете ја листата:
1.Седење
Лоши вести за оние кои деновите ги минуваат седејќи во канцеларија. Дури и ако редовно вежбате, долгиото седење е нездраво. Доколку намалите односно седите помалку од три часа дневно можете на својот живот да му додадете 2 години.
2. Премногу спиење
Сите знаеме дека недостатокот од сон е исклучително штетен, но ни многу спиење не е добро. Луѓето кои спијат повеќе од 9 часа дневно имаат 41 % повеќе шанси за заболовување од некоја срцева болест.
3. „Зјапање“ во екран
Истражувањето на еден американски факултет покажало дека доколку поминувате повеќе од пет часа дневно гледајќи во компјутерот или телевизорот 113 % имате поголеми шанси за срцев удар. Доколку тоа го намалите и седите околу 1 час дневно пред екранот, може да живеете една година подолго.
4.Беспотребно земање лекови
Земате лекови против несоница или нервоза- тоа може да ви го скрати животниот век. Луѓето кои не пијат лекови имаат 5 % пониска стапка на смртност.
5.Смисла за хумор
Смисла за хумор едноставно мора да имате. Смеењето го подобрува имунолошкиот систем и го намалува стресот.

6. Гужви на патиштата
Не само што дневно губите многу време поради гужвите на патиштата, туку и истите може да влијаат на вашиот животен век. Имено, оние кои патуваат повеќе од 30 минути дневно умираат пред останатите.
7. Стрес
Овој податок е општо познат. Луѓето кои се изложени на хармоничен стрес имаат пократок живот.
8. Недостаток на секс
Сексот ослободува од стерес, ги топи калориите и може да ви го продолжи животот. Жените кои имаат редовен секс живеат 8 години подолго.
9.Лоша исхрана
Премалку овошје и зеленчук сериозно му штетат на здравјето. Но и прекумерното месо може да го зголеми ризикот од заболување од рак.
10.Недруштвеност
Излираноста и самотијата може да земаат денови од вашиот живот. Оние кои го продолжуваат живот се вашите пријатели и семејството!
 

Пронајдете не на следниве мрежи: