Топлотен удар во Грција, температури над 40 степени

Ако овие денови тргнувате на пат кон Грција, подгответе се за врел бран. Метеоролозите имено, најавиле „топлотен удар“ ширум Грција, а се очекува температурите да бидат тропски – над 40 степени Целзиусови.
Според прогнозите на националната опсерваторија во Атина, за време на топлотниот бран, живата на термометарот ќе скокне на просечни 37, некаде и над 40 степени Целзиусови во недела на 22. јули 2018.


Врв на топлотниот бран, за кој се очекува да ги сруши рекордите на се случи во понеделник на 23. јули. Доколку тие денови се наоѓате во Грција, се препорачува да избегнувате сончање во средината на денот, кога зрачењето е најсилно, а температурите највисоки.
Силни грмежи се очекуват во среда, 25. јули во Тракија, Пелопонез, западна Грција и островот Лос. Во раните утрински часови во четврток, грмежи се очекуваат и во Епир и на северозапад од Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.