Вежби за дланки за оние кои голем дел од денот минуваат на тастатура

Тастатурите, глувчињата и мобилните уреди се практични поради многу причини, но воопшто не „лежат“ природно на дланките.
Затоа не е ни чудно што многу луѓе чувствуваат болки во зглобовите на дланките, особено кога поголем дел од денот поминуваат на тастатура.
Колку и да се трудите правилно да ги поставувате рацете кога работите на компјутер, факт е дека тоа не е природна положба.
Олеснете си ги симптомите со овие пет едноставни вежби за вашите дланки:
Отворање и истегнување


Исправете ги дланките во природна положба. Започнете со истегнување на прстите, со нежно буткање кон надвор со помош на другата дланка. „Испукајте“ ги и потоа направете неколку кратки ротации со зглобовите.
Оваа вежба можете да ја правите и во канцеларијата, кога подолго време сте поминале во пишување.
Размрдување на зглобот


Поставете ги дланките врз рамна површина, на пример вашето биро. Почнете да го префрлате притисокот врз коренот на прстите, а во исто време придвижете го палецот кон вас. Раширете ги сите прсти и останете во оваа положба околу 20 секунди.
Вежби за палците


Вежбите со палците им се потребни на оние кои цело време се со својот мобилен телефон во рака и куцаат. Испружете ги рацете со дланките отворени нагоре и правете кружни движења со палците и во двете насоки. Раздвижувањето на овој зглоб е многу важно.
Вежбата наречена „молитва“


Спојте ги рацете пред вас како за молитва. Притиснете ги една за друга и така притиснати спуштајте ги надолу, додека да почувствувате затегнување во рацете. Повторете ја оваа вежба уште 2-3 пати.
Од овие вежби не би имале особена корист доколку ги правите само еднаш во текот на денот или на неколку денови. Потребно е да правите повеќе паузи до пишувањето на тастатурата и да си направите по неколку од претходните вежби.
Најдобро е да ги истегнувате прстите и дланките на секои 40 минути работа. Потрудете се и да станете од пред бирото и направете кратка пауза, па покрај прстите, истегнете ги и вратот и рамениците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.