Што да облечете на празничните забави од работа?

Вројатно досега веќе станало збор за празничните забави што ги организираат од работа, па сигурно почнавте да размислувате што ќе облечете кога ќе дојде време за тоа.
Овие забави се совршен начин за да се потсетите на сè она што го поминавте заедно изминатата година, но и време кога можете да се забавувате со колегите без никакви обврски.


Секој од нас сака да блесне на овие забави, односно да „излезе“ од оние комбинации по кои сте познати секојдневно, па затоа одберете нешто поинакво, но секогаш елегантно и софистицирано.
Оваа година внесете доза на забава и гламур во комбинациите, одберете фустани од кадифе, елегантни комбинезони, плисирани панталони со шик блузички и секако, соодветен и тренди накит.
Не заборавајте и дека едни од омилените сè уште се и женските елегантни костими, па така можете да одберете токму таков изработен од кадифе или некои други интересни материјали.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.