Некои луѓе ја сонуваат својата венчавка уште од мали нозе, а за некои помислата на брак е вистинска ноќна мора.
Овие хороскопски знаци не се претерано расположени за запливување во брачните води.
Стрелец
Стрелците ја сакаат својата слобода и не поднесуваат луѓе на кои им треба многу внимание и љубов, па затоа едноставно не се претерано заинтересирани за работи кои подразбираат дека нешто трае засекогаш.

Водолија
Овој знак сака да прави невообичаени работи и ја цени својата самостојност, а бракот е прилично вообичаена работа која подразбира и одредена количина на заедништво, што на Водолијата едноставно ѝ делува здодевно.
Лав
Не е работата во тоа што Лавот не сака да се “скраси”, туку во тоа што го сака најдоброто за себе, а секогаш мисли дека може подобро од тоа што моментално го има. Затоа Лавовите најчесто трагаат по нешто подобро, дури и кога имаат нешто што е сосема добро покрај себе.
Бик
Тврдоглавите Бикови не сакаат да го слушаат зборот “компромис”, а токму тоа е еден од главните состојки на бракот. Биковите се сосема задоволни и сами, па бракот не им делува како нешто без кое тие не можат.



