Пепелта од огревното дрво е многу корисна работа, која може да се употребува на разни начини.
Особено е погодна за растенија кои бараат повеќе калциум како доматот, спанаќот, белиот лук, но и розите.
При садењето на овие растенија, добро е да додадете четвртина шолја од дрвена пепел во земјата.
Исто така, доколку измешате пепел со вода и ја оставите таа мешавина да отстои неколку дена, после цедењето можете да ја употребувате како одлично средство за чистење подови и сребрени работи, но и за дамки од ᾽рѓа на мермерни површини.

Со погуста смеса од пепел и вода, во вид на паста, можете да ги исчистите и дамките од мебелот.
Пепелта ефикасно ги отстранува и непријатните миризби од домот, но и од фрижидерот, а дејствува слично како и белата киселина, која се користи за неутрализирање на миризби од мувлосани прехранбени производи.
Определени штетници, како полжавите и разни инсекти, не ја поднесуваат пепелта, па лесно ќе се ослободите од нив со ова средство. Ова важи и за мравките.
Корисно е и во визбата да ставите во секое ќоше по малку пепел, како заштита од глувци, бубашваби и други штетници.



