Иако утрово граѓаните на Аеродром се револтирани од активностите во овој дел од населбата, механизацијата пристигна кај Мајчин дом. Градежната мафија победи и во оваа скопска населба.
Ова е само уште еден доказ дека народот никој не го ферма.
Осум бетоњерки чекаат на ред, додека две истураат бетон на локација кај Мајчин Дом и забрзано се работи. Мештаните протестираа, се бунеа, пружаа отпор, но испадна дека се за џабе.
Додека луѓето не успеат да се организираат градежната мафија победи. Кај што не буши бургија, парите бушат, стои во објавата на социјалните мрежи на загрижен граѓанин кој сподели и фотографии.