Бабата на масовниот убиец од Нов Зеланд открила детали за неговиот живот: Еве како од мирно момче станал манијак и терорист

Бабата на расистот Брентон Тарант, кој на Нов Зеланд извршил масакр над 50 муслимански верници, изјавила дека не може да верува дека такво монструозно злосторство извршил нејзиниот внук.
81-годишната Мери Фицџералд рекла дека ладнокрвниот убиец кој се снимал себе додека мирно убивал муслимани во текот на молитвата во петокот, не е внукот кој таа го познавала.
“Поголем дел од времето во текот на растењето минуваше во играње на компјутерски игри”, рекла таа.


Во текот на растењето многу не го интересирале девојчиња.
“Бракот беше премногу напорен за него”, изјавила таа.
Според нејзините зборови, Брантон “бил нормално, среќно дете”, но кога татко му починал од рак во 2010-та година, тоа “оставило трага” на него и потоа седум години патувал низ Европа и Азија.
“Пред 12 месеци се врати во Графтон за роденденот на својата сестра, но не забележавме ништо чудно”, открива бабата Мери Фицџералд.


Инспекторите веруваат дека Тарант две години ги планирал нападите додека живеел во Нов Зеланд.
Семејството дознало што се случило додека гледало телевизија.


“Прво помислив дека не е можно, а потоа ја видов неговата фотографија. Тоа не е добро. Тоа е непоправливо”, изјавил вујкото на убиецот, Тери Фицџералд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.