Библиотеката на ОН ја објави најчитаната книга за 2015 година. Многумина се изненадија!

Библиотеката Dag Hammarskjöld, која се наоѓа во седиштето на Обединетите Нации и која го носи името според генералниот секретар кој почина во 1961 година, не ги полни насловните страници многу често.Таа е наменета да функционира за потребите на вработените во Секретаријатот на ОН и националните делегации, складира документи и публикации од ОН и други организации, но и останати книги и материјали за меѓународни односи, закони, економија и важни тами од политичко-економскиот живот.
Од библиотеката на ОН беше објавена најизнајмуваната книга за 2015 година:

What was our most popular book of 2015? Find it in our library catalogue! https://t.co/hmfeCmGKCj (UN only) pic.twitter.com/niGXUxHtGt
— UN Library (@UNLibrary) December 31, 2015

За разјаснување на нештата: ОН има делегати коишто се олицетворение на диктатура и најчитаната книга за 2015 година го потврдува страшниот факт за нивниот интерес како да стекнат имунитет и да се заштитат од одговарање пред судот за воени злосторства. Ова не изгледа како добра работа!
Оваа книга не е документ на ОН, туку претставува докторат од Универзитетот во Луцерн од Рамона Педрети, којашто го објаснува прашањето како државните водачи и останатите политичари можат да одговараат пред меѓународните судови.
Педрети објаснува дека постојат два вида на имунитет во меѓународните закони од кои светските лидери можат да извлечат корист.
Едниот е персонален (ratione personae), а другиот функционален (ratione materiae).
„Имунитетот ratione personae го спречува лидерот на државата да одговара пред странската јурисдикција за криминални дела“ – пишува Педрети.
„Од друга страна, формата на имунитетот наречена ratione materiae ги заштитува официјалните акти, односно актите кои се извршени во согласност со службените капацитети на државата“.
Педрети објаснува дека функционалниот имунитет ги штити само постапките кои се преземени во име на државата. Тој вид на имунитет штити релативно широк круг на лица, односно сите оние кои преземаат одредени службени дејства.
Суштината е во тоа дека функционалниот имунитет важи само во однос на одреден вид дејство и не го штити лицето во целост од криминално гонење. Оцената дали станува збор за службено или приватно дејство го даваат органите на домашната држава.
Персоналниот имунитет обезбедува имунитет на одредено лице од кривично гонење во целост, односно без оглед за какво однесување станува збор, бидејќи се поаѓа од тоа дека тие лица ја претставуваат државата.
Тој им се признава само на мал број лица: шефот на државата, акредитираните дипломати, претседателот на владата, како и на министерот за надворешни работи. Тој имунитет е временски ограничен.
Во случај на престанување на овој имунитет, за преземените службени дејствија и понатаму може да се применува функционалниот имунитет. Во поглед на имунитетот, дипломатските претставници се изедначени со претставниците на специјалните мисии.Таа е наменета да функционира за потребите на вработените во Секретаријатот на ОН и националните делегации, складира документи и публикации од ОН и

Пронајдете не на следниве мрежи: