Секој Финец ќе добива по 800 евра месечно!

Финската влада работи на нацрт-план со кој се предвидува државата месечно да му исплаќа на секој жител по 800 евра.Финскиот институт за социјално осигурување има направено и анкета, на која 70 отсто од граѓаните рекле дека го поддржуваат овој план за бенефиции.
Според планот, секој Финец месечно ќе добива по 800 евра без да плаќа данок за нив.
Финските медиуми наведуваат дека основниот доход ќе биде релативно висок, бидејќи ги заменува другите социјални надоместоци.
Проектот е посебно добредојден кај невработените, чија бројка изнесува околу 280.000 луѓе, што претставува околу 10% од работната сила.
Владата на Финска ваквиот план ќе ја чини 52.2 милијарди евра годишно.
Сличен пробен проект следната година ќе биде имплементиран во Утрехт, Холандија.Финскиот институт за социјално осигурување има направено и анкета, на која 70 отсто од граѓаните рекле дека го поддржуваат овој план за бенефиции.

Пронајдете не на следниве мрежи: