СИРИЈСКАТА АРМИЈА: Имаме ДОКАЗ дека ЕРДОГАН соработувал со Исламската држава!

Турскиот претседател и неговото семејство се вмешани во нелегална трговија со нафта со Исламската држава, изјави во Москва заменик-министерот за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов.
 Турскиот претседател и неговото семејство се вмешани во нелегална трговија со нафта со Исламската држава, изјави во Москва заменик-министерот за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов.
„Турција е главен корисник на нафтата, која е украдена од законски сопственици во Сирија и Ирак. Според првичните информации, највисокиот политички водач на Турција, Ердоган и неговото семејство се вклучени во овој криминален бизнис”, рече Антонов на брифинг за странските и локалните новинари, известуваат странските агенции.
Слободната сиријска армија објави дека има примероци од договорот за купување на сурова нафта од Исламската држава, во која Турција има потпишано, според новинската агенција Фарс Иран.
Како што е наведено од страна на FSA, се работи за „фотографии од договорот“ кој Турција го потпишала со исламистите за купување на сурова нафта во Сирија и Ирак.
Потсетуваме, рускиот претседател Владимир Путин ја обвини Анкара дека соборила руски  авион за да ги заштити резервите на нафтата кои Исламската држава ги испраќа во Турција.
„Имаме причина да веруваме дека одлуката да се собори нашиот авион е направен со желба да се заштитат патиштата на снабдувањето со нафта на територијата на Турција“, изјави Путин на прес-конференцијата во Париз.
„Ние од неодамна имавме дополнително известување , кое потврдува дека нафтата од територијата контролирана од страна на ИСИС (Исламска држава во Ирак и Левант, што е поранешно име на Исламската држава) се добива во Турција во големи количини”, изјави Путин.
Сепак, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган понуди оставка ако се докаже дека обвинувањата се вистинити.
Турција не е толку нечесна за да купи нафта од терористи, изјави Ердоган во обраќањето до новинарите.Турскиот претседател и неговото семејство се вмешани во нелегална трговија со нафта со Исламската држава, изјави во Москва заменик-министерот за од

Пронајдете не на следниве мрежи: