Ова смуди е идеално за појадок или за дополнителна енергија пред главниот оброк
Потребни состојки:
2 замрзнати банани
100 грама овесни снегулки
70 грама бадеми
100 милилитри јогурт
1 лажичка чиа семе
Начин на подготовка:
Замрзнете ги бананите претходната вечер со цел да добиете посвежа и покремава содржина. Ставете ги сите состојки во блендер и добро изматете. Добар апетит!