Бебе изгризано во јасли во Аризона од друго дете

Кога ја соблекла својата 14-месечна ќеркичка по враќањето од јаслите во градинка, мајката Алис Мартин од Тусон, Аризона не можела да им поверува на своите очи. На телото на своето дете пронашла повеќе од 25 рани, траги од гризење. Случајот веднаш го пријавила во полиција, а стручњаците веруваат дека станува збор за траги од гризење од друго дете.
– Желудникот ми се преврте кога ја соблеков ќерка ми и ги видов црвенилата. Бев бесна и тажна во исто време. Во првиот миг не можев да верувам дека тоа се траги од гризење, а потоа мозокот ми се исклучи и почнав да плачам. Ги имаше повеќе од 25, раскажала Алис за локалните медиуми.
Мајката воедно истакнала дека покрај тоа што била тажна истовремено била и бесна заради фактот што никој од градинката не ја информирал што се случило, и дека нејзиното дете преживеало вистинска траума.

Пронајдете не на следниве мрежи: