3 причини зошто да намалите со ладните пијалаци

Во ера на трендови од цедени сокови и блендирана храна, сме заборавиле да се запрашаме дали ладните пијалоци се добри за нашето тело…
Кинеската медицина вели дека треба да се јаде храна на собна температура бидејќи ладното допринесува за хормоналната нерамнотежа, иритација на кожата, надуеност, дигестивна чувствителност, губење на косата и промени во расположението како депресија и зголемена анксиозност.
Па дали ладните пијалоци се навистина штетни? Одговорот е да, а еве и три причини зошто:
Затоа што негативно влијаат на дигестивниот систем


Дигестивниот систем е исклучително чувствителен на храна и течности и, што е најважно, на температурата на таа храна и тие течности. Ништо не му штети на дигестивниот систем повеќе од ладен пијалок, особено на празен стомак – тоа е вистински шок за телото.
Луѓето кои практикуваат да пијат ладен пијалок на гладен стомак рано наутро имаат поголеми шанси да се чувствуваат надуени, да им се појават благи форми на акни и дигестивна чувствителност во текот на денот и во вечерните часови.
Затоа што влијаат на хормоналниот баланс
Симптомите како раздразливост, разредување на косата, стомачни киселини, дијареа се тесно врзани со состојбата на хормоните, а причината за дисбалансот може да биде прекумерно конзумирање ладни пијалоци. Заменете ги ладните пијалоци со чај на собна температура.
Затоа што влијаат на плодноста
Ако се обидувате да забремените, препорачливо е да јадете топла храна. Негувањето на нашето тело со храна која е лесна за дигестивниот систем, им овозможува на нашите тела да ги апсорбираат хранливите материи од храната.
Кога јадеме ладна храна и пијалаци, нашето тело се замрзнува создавајќи блокада, спречувајќи ги ткивата да ги апсорбираат хранливите материи што ги внесуваме. Топла храна гарантира здрав менструален циклус, овулација и послаби симптоми на ПМС.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.