ПОСТОИ ли нешто послатко од сестринска и братска љубов?
Џенифер Боргет, мајка со три деца на својот профил на Фејсбук често објавува преслатки снимки од своите деца, а последната станала вирална. Имено таа ја снимила својата едногодишна ќерка како стои во дворот и гледа во далечина. Кога ќе го види училишниот автобус, ги шири рацете, поскокнува, а потоа трча бидејќи знае дека нејзината постара сестра се вратила од училиште.
И постарата сестра и потрчала во пресрет на сестра си, ја фрлила школската ташна, па силно ја прегрнала и подигнала.
Видеото станало вирално и е прегледано скоро 2,5 милиони пати, а споделено е 63. илјади пати.
„Ова е толку слатко“, „Ова е најубава работа која ја имам видено оваа недела“, „Моето срце се растопи“, биле само некои од коментарите.
Видеото, сите ги воодушевило,некои дури толку што веднаш посакале да имаат сопствени деца.
„Кога ќе го видам ова видео веднаш посакувам да имам деца“, напишала една жена.


