Жената која загуби се, го закопа синот и не сакаше да живее – доби топол дом и топол оброк

ФОТО- Жената која загуби се, го закопа синот и не сакаше да живее доби топол дом и топол оброк
Здружението “Стопли Срце“ и многу хумани граѓани успеаа на жената за која објавивме дека живее чувајќи кучиња колку да преживее и обезбедија топол дом и редовен оброк. Млада но намачена , образована но неспособра за работа оти немаше волја за живот, ги закопа родителите, но животот и го пресече смртта на синот.
Со огромна благодарност до сите вас кои помогнавте, сакаме да ве известиме дека конечно домот на оваа напатена жена е среден!
Благодарност до @alen divjakovski, @mece inzinjering, Анита која го организираше нивното друштво да се приклучат и помогнат, ве има многу што се приклучивте и допринесовте за овој дом да изгледа вака, блгодарност до секој еден од вас ! ❤️
Електрика сменета, прозори сменети, молерај, клима, фрижидер, шпорет, тв, мебел, завеси итн, се ова е благодарение на вас мој хуман народе! ❤️
Заедно поместуваме планини дечки!
На жената ке и посакаме мирен, достоинствен и спокоен живот, а на вас кои помагате , Господ да ве чува ❤️

Здружение “Стопли Срце“

Претходната приказна за еден мачен живот на млада образована жена која изгуби се, на крајот и синот…
може да ја видите на сајтот на изворот: dosie.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: