Мајка му го искорнала срцето на сопствениот син, полицајците поради шокот завршиле на психолог

Полицијата во градот Алва во средишна Шкотска започнала голема истрага  откако било пронајдено тело на 5-годишно момче кое умрело по „грозоморен и насилен напад“, пишува Independent.Момчето било пронајдено во петокот наутро во својата куќа со толку тешки  повреди  што на докторот кој бил повикан не му преостанало ништо друго освен да  прогласи смрт. За сега неидентификуваната 32- годишна жена, за која се верува дека е мајка на момчето, приведена е поради сомнение дека е одговорна за смртта на момчето.
Главниот инспектор на локалната полиција Стефан Снедон изјавил дека  во моментот немаат други осомничени. „Ова е многу мирно место и би сакал да нагласам дека ова е многу невообичаен инцидент“, и на сограќаните им порачал да бидат  мирни.
Глетката на која полицајците наишле  во семејната куќа била толку мачна што сите по ред побарале психолошка помош. Весниците пишуваат дека мејката е по потекло од Зимбабве, а неслужбено се споменува дека се работи за ритуално убиство и дека откако со нож го убила синот и му го искорнала срцето.
Соседите ја опишале како тивка жена, а семејството живеело во тој крај околу година дена. Наводно никогаш не ги отворале прозорите .
Жителите на Алва во шок ја примиле веста за убиството на детето. Некои од нив во близина на неговата куќа  донеле цвеќе и запалиле свеќи, а дел од нив донеле и кадифени мечиња. Покрај  нив стои и порака: ‘Драги Боже, зошто?’Момчето било пронајдено во петокот наутро во својата куќа со толку тешки  повреди  што на докторот кој бил повикан не му преостанало ништ

Пронајдете не на следниве мрежи: