Нов тренд на манипулирање: Извини, не стигнав да ти одговорам

Сè повеќе станува актуелно користењето на различни апликации за запознавање на партнери. Меѓутоа, ова може да биде и извор на некои негативни трендови.
Преплавеност (whelming) е нов, малку вознемирувачки тренд со кој сакате да оставите впечаток дека истовремено им се допаѓате на повеќе луѓе.
Тоа се постигнува така што на вашиот потенцијален партнер му ставате до знаење дека не сте единствениот кој е во игра, бидејќи сте „преплавени“ и со други понуди, без разлика дали е тоа вистина или не.
Со тоа, оној со којшто се допишувате или излегувате треба да смета дека сте атрактивни и посакувани.


Кога станувате жртва на овој вид на манипулација?Како знак за предупредување е кога на личноста ѝ треба повеќе време за да ви одговори и користи фрази од типот: „Извини, се допишувам со многу луѓе па не успевам да им одговорам на сите“.
Може да се случи да добиете збунувачка порака која нема врска со темите за кои се допишувате со коментар – „извини, по грешка ти пратив на тебе“.
Оставајќи впечаток дека се преплавени со бројни понуди и со голем избор, ви укажуваат на тоа дека не сте им приоритет, а со тоа сакаат да постигнат да ве натераат да се потрудите повеќе за да го заслужите нивното внимание.
Оваа манипулација се споредува со различни начини на манипулирање и има за цел да си поигра со вашата самодоверба.
Бидете внимателни и воочете на време кога некој ја применува оваа тактика.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.