Во зависност од тоа како спиете може начинот на спиење или позицијата да биде причина за болки во грбот, воспаление на зглобовите, а може да придонесе и до проблеми со дишењето и изразено ‘рчење. Начинот на кој човекот лежи во кревет кажува многу за целокупното здравје како и за тоа колку лесно може да заспие. Недостатокот на сон може да доведе до чувство на мрзеливост, а и влијае негативно врз расположението и работната способност.
Недоволно спиење, исто така, влијае на зголемување на ризикот од болести кои го загрозуваат животот, како што се срцеви болести и дијабетес.
Според експертите има добри и лоши страни или положби за спиење, во зависност од тоа како спиете може да имате квалитетен или недоволен сон. Спиењето на страна е најпрепорачана положба, според експертите.
„Постојат многу варијации на спиење на страна, од кои секоја е добра, бидејќи тоа помага во ублажување на несоница и хроничен недостаток на сон. Сепак, најудобна положба е онаа во која, додека лежи на страна, благо ги свиткувате колената.
Спиењето на страна е најдобро за луѓето кои страдаат од болки во колковите, а се препорачува и за бремените жени. Докторите посочуваат дека треба да се избегнува спиењето на стомак, бидејќи тоа може да предизвика болка во вратот и ‘рбетот.
„Но, ако веќе спиете на стомак, користете многу мека перница или спијте без перница, за вратот да не ви биде под непријатен агол”, велат експертите.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.