Сателитски снимки на НАТО ја покажуваат руската инвазија врз територијата на Украина!

Врз основа на сателитските снимки, НАТО тврди дека во Украина се наоѓаат повеќе од 1.000 руски војници кои се борат на страната на проруските сили.„Забележавме силно учество на руските сили во украинскиот конфликт во последните две недели. Ова е дополнителен доказ дека руските борци и нивното модерно оружје се ангажирани на суверената територија на Украина“, изјави холандскиот генерал Нико Так, кој е командант на оперативниот центар во Монса.
Тој покажал и низа сателитски снимки на кои се гледа руска ракетна единица која ги заземала борбените позиции во украинската област Краснодол. Според Так, сателитските фотографии ги снимила независната комерцијална фирма „Дигитал Глоуб“, а НАТО на ниеден начин нема интервенирано врз нив, што може да се докаже со пристапот на интернет страницата на таа компанија.
„Проценуваме дека повеќе од 1.000 руски војници во моментов дејствуваат во Украина. Тие ги поддржуваат сепаратистите и се борат на нивна страна“, рече Так и истакна дека верува дека целта на руската воена интервенција е да се продолжи конфликтот помеѓу владините и проруските сили, со цел да се спречи политичкото решение на кризата.
„Забележавме силно учество на руските сили во украинскиот конфликт во последните две недели. Ова е дополнителен доказ дека руските борци и ни

Пронајдете не на следниве мрежи: