Кога ќе ви биде тешко, сетете се на овие зборови: Мудри мисли од познатиот психолог Дејл Карнеги

Зборовите се моќни, тие можат да ја излекуваат душата, да ја ублажат тагата и да го избркаат стравот, а мислите и советите од Дејл Карнеги, сите мора да ги прочитаат
Писателот, психолог и педагог Дејл Карнеги размислувал и живеел по принципот „во светот нема лоши луѓе“. Постојат само непријатни околности кои лесно може да се променат. Доволно е само го промениот вашиот однос кон нив. Не треба да си го расипувате животот и расположението на другите поради непријатните околности.


На неговите совети никој не останал рамнодушен и навистина вреди да ги прочитате и примените…
1. Стравот постои само во вашиот ум и на ниедно друго место.
2. Однесувај се како да си среќен и ќе станеш посреќен.
3. Секој човек е будала барем пет минути дневно. Вистинската мудрост се сведува на тоа да не се пречекори таа временска граница.
4. Ако судбината ти подари лимон, направи лимонада.
5. Научете да се ставате себеси во положбата на другиот човек и да разберете што му е потребно нему, а не вам. Целиот свет ќе го поддржи оној што ќе успее да го направи тоа.
6. Бидете зафатени. Тоа е најевтиниот лек на светот, и еден од најефективните.
7. Ако сакате да промените некого, почнете од себе. Тоа е покорисно и побезопасно.
8. Замислете си ги најлошите последици што може да ги предизвика вашата постапка, однапред помирете се со нив и потоа дејствувајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.