Александар Бородај поднесе оставка од функцијата премиер на Доњецк

Александар Бородај денеска поднесе оставка, а на негово место ќе дојде Александар Захарченко, кој е сегашниот командант на единиците на проруските сили на истокот на Украина.Бородај изјави дека се повлекува од местото на премиер, бидејќи ја завршил својата работа како „покренувач“ и дека од сега ќе ја извршува должноста на вицепремиер. Тој додаде дека нема да ја напушти непризнаената република.
Со неговата оставка се потврдија претходните шпекулации дека постои можност проруските активисти да добијат нов лидер кој ќе биде човек кој по потекло е од Доњецк, наместо досегашниот водач Александар Бородај, кој е државјанин на Русија.
Доаѓањето на Захарченко на чело на проруските сили наместо Бородај би можело да допринесе кон ублажувањето на тензиите во моментите кога Западот ги заостри санкциите кон Русија, поради поддршката која таа земја им ја пружа на проруските сили.Бородај изјави дека се повлекува од местото на премиер, бидејќи ја завршил својата работа како „покренувач“ и дека од сега ќе ја извршу

Пронајдете не на следниве мрежи: