Секое второ пиво – гратис

Од денеска сите кафулиња и ресторани во Чешка повторно се отворени, а најголемата пивница во земјата Пилснер Уркел има промоција, со која секое второ нарачано точено пиво ќе биде бесплатно. Чешките медиуми објавија дека акцијата се однесува на секоја пивница од тој бренд.
Кафулињата и рестораните беа затворени во Чешка од средината на март поради мерките за спречување на ширењето на новиот коронавирус.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.