Неколку часа откако премиерот Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ја „искорени“ социјалната мрежа, Турција го ограничи пристапот до Твитер.Многу корисници низ Турција кои се обиделе денеска да влезат на Твитер се соочиле со проблем, а притоа биле известени дека сајтот е блокиран по судска наредба
– Ќе го искорениме Твитер. Не ме интересира што вели меѓународната заедница. Секој ќе ја види моќта на Турската Република – изјави Ердоган.
На интернет се објавени снимки на телефонски разговори, вклучително и таа на која премиерот на својот син му кажува како од домот да изнесе поголема сума пари на денот на полициската операција на 17 декември, со која во земјата почна голема истрага за корупција.
Ердоган овој случај го демантираше тврдејќи дека снимката е фалсификат.
Многу корисници низ Турција кои се обиделе денеска да влезат на Твитер се соочиле со проблем, а притоа биле известени дека сајтот е блокиран по суд