Путин го одобри нацрт договорот за прием на Крим во Руската Федерација

Рускиот претседател Владимир Путин одобори нацрт-договор за приклучување на Република Крим во Руската Федерација и формирање на нови субјекти во составот на РФ, јавува ИТАР-ТАСС. Одредбата на рускиот претседател, потпишана на 17 март, е објавена денеска на официјалната веб-страница за правни информации.
Во документот се наведува дека „се препорачува договорот да биде потпишан на највисоко ниво“. 
Крим на 16 март одржа референдум за судбината на полуостровот, на кој 96,7 проценти од гласачите се изјаснија за приклучување кон Русија. Вчера Врховниот совет на Крим ја прогласи републиката за независна држава и се обрати кон Руската Федерација со предлог за нејзин прием во составот на федерацијата како субјект со статус на република.

Вршителот на должност претседател на Украина Олександар Турчинов во телевизиско обраќање до нацијата изјави дека Киев е подготвен да разговара со Русија во врска со нејзиното навлегување во Крим, но никогаш нема да го прифати анексирањето на полуостровот.Одредбата на рускиот претседател, потпишана на 17 март, е објавена денеска на официјалната веб-страница за правни информации.
Во документот

Пронајдете не на следниве мрежи: