Денеска се одлучува за иднината на Крим, излезеноста на референдумот голема

Претседателот комисијата на Кримското Собрание за подготовка на референдумот, Михаил Малишев, изјави дека има висок одѕив на гласачи на референдумот за решавање на судбината на Крим.Гласачките места биле отворени во 8 часот по локално време, или 7 часот по средноевропско. На референдумот, жителите на Крим, бираат помеѓу припојување кон Русија или автономија во рамките на Украинската држава.
Луѓето на гласачките места доаѓаат рано од сабајле, тоа не се случувало од времето на Советскиот Сојуз – рече Малишев.
Референдумот се одвива во крајно тензична атмосфера. Западот овој референдум го смета за нелегитимен, а воедно и се заканува на Русија, за кои пак овој референдум е потполно легитимен.
На гласачкото ливче има две референдумски прашања: „Дали сте за Крим да се приклучи кон Руската Федерација како субјект на Руската федерација“ и „Дали сте за тоа во Крим да се врати на сила Уставот од 1992 година и Крим да остане во составот на Украина“.
Двете опции на референдумот се поставени на Руски, Украински и Кримско-татарски јазик.
Автономната Република Крим од 1954 година е во состав на Украина. На крим живеат околу 2 милиони луѓе од кои 58 отсто се Руси, 24 отсто Украинци и 12 отсто Кримски татари.Гласачките места биле отворени во 8 часот по локално време, или 7 часот по средноевропско. На референдумот, жителите на Крим, бираат помеѓу припоју

Пронајдете не на следниве мрежи: