Витаминот Ц е многу важен за човечкиот организам, бидејќи освен тоа што го подобрува имунолошкиот систем, тој му помага на телото да се одбрани од сезонски настинки и грип, а го намалува и ризикот од хронични и срцеви заболувања.
Од друга страна, недостатокот на витаминот Ц предизвикува многу здравствени проблеми како што е губењето на телесната тежина, умор, инфекции на уринарниот тракт и слично.
Овој витамин делува како антиоксидант и спречува оштетување на клетките, а потребен е и за биосинтезата на колагенот.

Сепак, лекарите предупредуваат дека треба да се внимава со употребата на витаминот Ц, бидејќи со претерано внесување може да се предизвикаат проблеми со варењето на храната, дијареа, мачнина и грчеви во стомакот.
- Оставка од Илијана Јотова и Румен Радев, се бара на протестите во Бугарија
- Зеленски објави дека уништиле четири руски борбени авиони и собориле уште два
- Си-Ен-Ен: Пентагон планира да употреби „мајка на сите бомби“ против Иран
- Сирењето, путерот и јогуртот не се толку штетни за срцето како што се мислеше претходно
- Над 160 здравствени работници учеа да препозна и спречат мито и корупција
- Северина проговори за трауматското искуство од борбата за старателство: „Паднав во сосема поинаков свет“
- Саудијците мораа да го одложат најбогатиот турнир во светот каде што тенисерите буквално се украсени со злато
- Дали луѓето што јадат месо имаат поголеми шанси да живеат до 100 години?
- Слепите лица во Тетово без инфраструктура – се бараат посебни патеки
Исто така, витаминот Ц може да го зголеми процентот на киселини во бубрезите и на тој начин да се создадат камења или песок во бубрезите.
Се прашувате како може да препознаете дали вашето тело има недостаток на витамин Ц? Лесно е. Ако чувствувате малаксаност, болки во зглобовите, имате сува кожа или инфекции, голема е веројатноста дека на вашето тело му недостасува витамин Ц.
Освен во вид на апчиња, витаминот Ц можете да го консумирате преку јадење цитрусно овошје, а исто така го има во зелениот зеленчук, односно во зелката, шипката, кивите, јагодите, чили пиперчињата, црвената и зелената пиперка, прокељот, брокулата, ананасот и папајата.
Пронајдете не на следниве мрежи:



