Оваа намирница која сите ја имаме во кујната го намалува ризикот од тромбоза: Вистинска ризница на здравјето, го штити срцето и подмладува

Оваа здрава намирница е богата со витамините Ц, Б и К, како и минерални соли.
Освен што го сакаме во речиси секоја салата и често го додаваме во готвените јадења, доматот е многу корисна намирница и природен лек за многу тегоби. Богат со витамините Ц, Б и К, како и минерални соли (калиум, натриум, магнезиум, калциум и железо), тој секако спаѓа во здрава храна.
Но, дали сте знаеле дека и сокот од домати може да го подобри вашето здравје на неколку начини? Ликопенот кој се наоѓа во доматот, овозможува заштита од настанување на атеросклероза и инфаркт и ја подобрува целокупната состојба на организмот.
Сокот од домати го регулира метаболизмот, ја зајакнува отпорноста и го исфрла вишокот течности од организмот. Исто така, го намалува крвниот притисок, ја подобрува крвната слика, го регулира варењето, позитивно влијае на болестите на црниот дроб и панкреасот и делува против реума.
Научните истражувања покажуваат и дека сокот од домати спречува тромбоза, особено кај лицата со дијабетес тип 2 кај кои е зголемен ризикот од настанување на тромб. Бидејќи оваа појава е најчест причинител за инфаркт, се препорачува консумирање на сок од домати со тоа што е потребно истовремено да се намали внесот на натриум.
Од истата причина сокот од домати се препорачува и кај лицата со срцеви болести, како и поради високата содржина на калиум.
Се препорачува консумирање на најмалку 2 децилитри свежо припремен сок од домати секој ден.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.