90% од Јапонците немаат кревет во спалната соба – еве зошто!

Дали сте знаеле дека во Јапонија е сосема нормално да спиете на под, како и дека во спалната соба Јапонците често воопшто и немаат кревети?
Има многу причини зошто Јапонците бираат попрво да спијат на под, а некои од нив имаат неверојатни здравствени ефекти.
Јапонците тврдат дека спиењето на под помага кај следните четири работи:
1. Ги олеснува и ги елиминира болките во грбот
Спиењето на тврда, рамна површина е одлично за грбот и наводно може да ви помогне да се ослободите дури и од долготрајна болка. Спиењето на мек душек, од друга страна, може да предизвика болки во грбот со текот на времето, бидејќи додека тоне душекот, ‘рбетот се витка. Спиењето на тврда површина помага да се спречи ова искривување на ‘рбетот во сон и да се одржи во природна, рамна положба.


2. Може да го подобри држењето
Ако спиете во правилна полжба и вашиот грб има добра цврста потпора, ќе ви биде полесно и во текот на денот да го држите грбот исправен. Кога не ве боли грбот, нема ниту нагон за виткање нанапред.
3. Може да се поправи циркулацијата
Кога спиете на под циркулацијата се подобрува бидејќи тежината рамномерно е распоредена секаде и помал е притисокот на одредени делови од телото. Освен тоа, спиењето во природна положба спречува вкочанетост и чувство на пецкање предизвикано од слаба циркулација.
4. Полесно се будите
На многумина им е тешко да станат од топлиот и мек кревет кога ѕвони алармот, па го одложуваат и по неколкупати. Но, кога спиете на под, имате вистински сон, со кој и будењето ви е полесно, а денот ви е исполнет со енергија.
Кој треба да избегнува спиење на под?
Подот е најтврдата површина за спиење. Иако има многу бенефити, постојат групи на луѓе за кои не се препорачува:
– Луѓето кои страдаат од алергии
На подот има прашина и нечистотија, па луѓето кои страдаат од алергии можат да почувствуваат кашлање и течење на носот.
– Лицата со болки во коските
Во овој случај, спиењето на тврда површина има повеќе штета отколку корист, бидејќи создава поголем притисок на зглобовите.
– Постарите луѓе
Мобилноста со текот на годините се намалува, па на постарите лица може да им биде тешко дури и да се спуштат или да станат од подот.
– Зиморливи луѓе
Ако постојано ви е ладно, дури и за време на спиењето, на подот ќе ви биде уште поладно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.