Чоколаден банана леб

Пробајте го овој превкусен рецепт за чоколаден банана леб.
Потребни состојки:
2 шолји бело брашно
Половина шолја шеќер
¼ шолја кафеав шеќер
1 лажичка сода бикарбона
Половина лажичка сол
3 зрели банани
¼ шолја грчки јогурт
Две јајца
¼ шолја масло


Две и пол лажички екстракт од ванила
Половина шолја сечкани ореви
Половина шолја сечкано чоколадо
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени и подгответе го калапот за печење – обложете го со хартија за печење, а потоа ставете неколку капки масло.
Во поголем сад промешајте брашно, бел и кафеав шеќер, сода бикарбона и сол.Во друг сад со средна големина изгмечете ги бананите со вилушка, додајте јајца, грчки јогурт, масло и екстракт од ванила. Измешајте ги состојките и спојте ги со сувите состојки и измешајте да се соединат.
Во смесата додајте сечкани ореви и чоколадо, па истурете ја смесата во калап и печете 50 до 60 минути.
Откако ќе го извадите лебот од рерната оставете го да се излади, па потоа извадете го од калапот и исечете го.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.