четврток, 12 ноември 2026
Најново

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на животната средина, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје денеска спроведуваат акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар. Во реализирањето на активностите се ангажирани 40 работници на терен, додека од  механизацијата се употребуваат три автоцистерни, три специјални комунални возила-метларки, две специјални комунални возила-патарки и едно специјално комунално возило-трактор.

„Акцијата за генерално чистење ќе започне на полигонот за обука на возачи под Скопското Кале и ќе продолжи на кејот на реката Вардар. Активностите ги спроведуваме во координација со Градот Скопје и останатите јавни претпријатија, со цел овој простор да прерасне во уште поатрактивна локација за рекреација на жителите на нашиот град.“ – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.

Поврзани вести