Еве колку ореви, бадеми, лешници и други јаткасти плодови треба да консумирате дневно за максимална корист

Јаткастите плодови се важен дел од здравата исхрана, заедно со свежото овошје и зеленчук. Ниту една храна не е комплетна и урамнотежена без нив, па затоа нутриционистите советуваат да не заборавате редовно да ги консумирате.

Јаткастите плодови содржат голема количина витамини, минерали и здрави масти. Тие помагаат во зајакнување на имунитетот, го подобруваат здравјето на косата, кожата и ноктите, па дури и го зголемуваат нивото на хемоглобин во крвта. Но, покрај целата низа корисни својства, јаткастите плодови се исто така многу калорични, па затоа мора да бидете внимателни со нивната количина во исхраната.


Нутриционистите советуваат да јадете една шака јаткасти плодови на ден, а австралиското диететско здружение дури советува да ја нагледувате количината на секој вид јаткаст плод кој го консумирате.
Еве колку јаткасти плодови треба да внесувате дневно за да постигнете максимална корист од нив:
– 30 бадеми
– 10 бразилски ореви
– 15 индиски ореви
– 20 лешници
– 15 макадамски ореви
– 15 ореви
– 30 ф’стаци
– мала шака кикирики или мешавина од јаткасти плодови

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.