Торта со јагоди и бадеми

Додека сè уште се продаваат свежи јагоди, пробајте ја оваа вкусна торта.
За тесто:
3 белки
Прстофат сол
15 г шеќер
100 г мелени бадеми
100 г шеќер во прав
3 јајца
30 г брашно
30 г растопен путер
За фил:
300 мл млеко
1 ванилин шеќер
50 г шеќер
3 жолчки
За шлагот е потребна една слатка павлака и ванилин шеќер.
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Малиот калап за торта обложете го со хартија за печење. Во сад ставете белка и прстофат сол и изматите го со миксер. Додајте шеќер и продолжете да матите додека да се направи цврст снег. Покријте го со фолија и тргнете на страна.
Во друг сад промешајте мелени бадеми и шеќер во прав па додајте јајца. Мешајте 3-4 минути со миксер. Измешајте брашно, а потоа додајте ги изматените јајца. Мешајте полека со лажица.
На крајот додајте растопен путер, промешајте и целата смеса прелијте ја во калапот за торта.
Печете ја тортата на 180 степени 35-40 минути додека да добие златеста боја. Проверете со чепкалка дали е готово.
За фил промешајте млеко и ванилин шеќер. Загрејте и откако ќе почне да врие, тргнете го на страна.
Во сад промешајте шеќер, сол, жолчка и две лажички густин. Додајте и 3-4 лажици млеко.
Оваа смеса додајте ја во млекото и мешајте со лажица додека да се згусне. Мешајте внимателно за да не ви се загрее филот и да се направат грутки. Откако ќе се згусне, тргнете го филот од оган и покријте со фолија. Оставете го да се излади на собна температура.
Путерот измешајте го со миксер за да биде пенлив. Додајте го во изладениот филм и мешајте со миксер за да добиете кремаста смеса. Изладената кора пресечете ја на три еднакви кори.
Првата ставете ја на чинија за послужување. Премачкајте ја со половината од филот и ставете дел од исечканите јагоди. Премачкајте и јагоди со малку од филот. Потоа покријте со другата кора.
Другата кора премачкајте ја со фил па повторно додајте исечкани јагоди. Додајте ја третата кора. Ставете ја тортата во фрижидер најмалку половина час за да се стегне филот. Слатката павлака промешајте ја со ванилин шеќер и изматете со миксер. Изладената торта премачкајте ја со шлаг.
На крај украсете ја со цели јагоди, а може и со исечкани јагоди.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.