Биолошки сигурносен кабинет – зголемена безбедност во микробиолошката лабораторија на ЈП Водовод и канализација – Скопје

Секторот за санитарна контрола при ЈП Водовод и канализација – Скопје, во чии рамки работат микробиолошка и хемиска лабораторија, ја зголеми безбедноста во рамки на микробиолошката лабораторија со набавка на биолошки сигурносен кабинет.

Биолошкиот сигурносен кабинет (БСК) е најефикасен и најчесто употребуван уред за работа во микробиолошка лабораторија каде е можна појава на инфективни агенси. Биолошкиот сигурносен кабинет претставува уред кој овозможува блокирање на понатамошното ширење на инфективните материјали кои се ослободуваат во вид на аеросоли при работата на микробиолошките постапки. Овој кабинет поседува вграден ХЕПА (high-efficiency particulate air filter) филтер кој задржува 99.97% честички со дијаметар од  0.3 µm и 99.99% поголеми и помали честички. Со таа своја функција ХЕПА филтерот ефикасно ги запира сите познати предизвикувачи на инфекции, а надвор го испуша воздухот чист, ослободен од сите видови микроорганизми.

„Работата во акредитираните лаборатории во Секторот за санитарна контрола, единствени од овој тип во Република Северна Македонија, е со специфичен карактер, а таа специфичност подразбира и изложување на големи ризици. Токму затоа, се вложуваат средства не само за модернизација на лабораториите, туку и за зголемување на безбедноста на нашите вработени при изведување на сите анализи со кои се гарантира безбедноста и квалитетот на водата за пиење за нашите корисници“, – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.