Омилената намирница во текот на летните денови е лубеницата, но дали сте чуле за лековитите моќи на нејзините семки?
Повеќето луѓе ги фрлаат семките од лубеница кога ја јадат, но иако тие не се толку вкусни, сепак се многу здрави за целиот организам.
Затоа нутриционистите советуваат да ги јадете семките заедно со лубеницата, бидејќи се богати со протеини, витамин Б, магнезиум, монозаситени и полизаситени масти.
Семките од повеќе овошја се генерално добри за здравјето, но семките од лубеница поради сите хранливи состојки, на некој начин се „ѕвезда“ меѓу семките, велат експертите.
Природен лаксатив
Јадете ја лубеницата со семки или зачувајте ги и исушете ги семките за подготовка на чај кој помага при упорна констипација. Семките од лубеница се користат и за лекување на цревни паразити.
Прочистување на бубрезите
Чајот од семки од лубеница е природен лек за прочистување на бубрезите и за превенција од создавање камен во овој орган. Семките од лубеница имаат диуретско дејство, го прочистуваат организмот, ги елиминираат наталожените токсини и ја подобруваат работата на бубрезите. Можат да ги елиминираат материите кои се таложат во бубрезите и кои формираат камен или песок.
Кардиоваскуларно здравје
Семките од лубеница содржат антиоксиданти кои благотворно влијаат врз крвните садови и ги прошируваат, така што се идеални за луѓе кои страдаат од артеросклероза, висок крвен притисок или ангина пекторис. Исто така, корисни се за зајакнување на срцевиот мускул.
Нутритивни вредности
Овие семки се богати со ликопен, моќен антиоксидант кој исто така се наоѓа и во доматот. Освен тоа, содржат голема количина на магнезиум и цинк. Се препорачуваат за луѓе со хроничен замор.
За концентрација и убава кожа
Користењето на овие семки во форма на чај или грицки се препорачува и за подобрување на помнењето и концентрацијата, па дури и за сјајна и убава кожа.
Чајот од семки од лубеница им се препорачува и на дијабетичарите како ефикасно средство за третирање дијабетес тип 2.