Во Скопје до 15 часот најголема излезност во Карпош 38,94 отсто

Најголема излезност на гласачите во четирите скопски општини каде во вториот круг на Локалните избори се бираат градоначалници има во Карпош – 38,94 отсто.
Во Центар до 15 часот на гласање излегле 37,81 отсто од запишаните избирачи, додека во Чаир 30,03 отсто.
Во Шуто Оризари има најмала излезност во споредба со другите три општини – 21, 55 отсто.
Излезноста до 15 часот во 44 општини и Скопје каде се гласа за градоначалници, како што објави Државната изборна комисија, изнесува 34, 22 отсто

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.