Пет загинати во пожар во предградие на Париз

Пет лица загинаа, вклучително и едно дете, загинаа во пожар кој избувна во средата изутрината во едно северно предградие на Париз, соопштија локалните власти.

Пожарот избувна околу три часа изутрината во два стана во една шесткатница во предградието Женвилије.
Со огнената стихија се бореле стотина полицајци, кои успеале да го угасат пожарот по три часа. Пожарникарите од запалената зграда успеала да спасат седум лица, вклучително и едно бебе, а13 лица биле повредени, меѓу кои има и пожарникари.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: