Град Скопје обезбеди пристапни рампи во сите градски институции за лицата со попреченост

Прилагоден е пристапот за лицата со попреченост во 9 јавни претпријатија, 7 јавни
и културни установи и во 23 средни училишта во градот Скопје.
Во изминатите два месеци овозможено е адаптирање во средните училишта во
Скопје, и тоа во:
– СУГС „Кочо Рацин” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)
– СУГС „Михајло Пупин” ( две надворешни рампи, лифтовска платформа, лифт,
адаптиран тоалет, обележано паркинг место и опремена фискултурна сала со сите
потребни реквизити)
– СУГС „Јосип Броз Тито” ( надворешна рампа и адаптиран тоалет)
– СУГС „Панче Арсовски” ( надворешна рампа)
– СУГС „Васил Антевски Дрен” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)
– СУГС „Димитар Влахов” ( надворешна рампа)
– СУГС „Никола Карев” ( надворешна рампа)
– СУГС „Марија Кири Склодовска” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)
– СУГС „Владо Тасевски” ( надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано
паркинг место)
– СУГС „Георги Димитров” ( две надворешни рампи, адаптиран тоалет и обележано
паркинг место)
– СУГС „Д-р Панче Караѓозов” ( надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано
паркинг место)
– СУГС „Браќа Миладиновци” ( надворешна рампа, две внатрешни рампи,
адаптиран тоалет и обележано паркинг место)
– СУГС „Орце Николов” ( надворешна рампа, две внатрешни рампи и обележано
паркинг место)
– СУГС „Цветан Димов” ( две надворешни рампи и обележано паркинг место)
– СУГС „Зеф Љуш Марку” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)
– СУГС „Шаип Јусуф” ( надворешна рампа, обележан паркинг простор и четири
адаптирани тоалети)
– СУГС „Раде Јовчевски Корчагин” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)
– СУГС „Арсени Јовков” ( надворешна рампа, поставен лифт и лифтовска
платформа, обележано паркинг место)
– СУГС „Осми Септември” ( надворешна рампа и обележано паркинг место)
– СУГС „Сарај” ( надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано паркинг место)

– СУГС „Боро Петрушевски” ( надворешна рампа, адаптиран тоалет и обележано
паркинг место)
– СУГС „Лазар Танев” ( надворешна и внатрешна пристапна рампа, адаптиран
тоалет и обележано паркинг место)
– СУГС „Здравко Цветковски” (адаптиран тоалет за лица со попреченост, опремена
фискултурна сала со сите потребни реквизити и справи за лица со попреченост)
Пристапни рампи/ лифт за лицата со попреченост овозможени се во Јавните
културни установи во градот Скопје, и тоа:
– Културно информативен центар – Скопје
– Дом на култура „Кочо Рацин” – Скопје
– Младински културен центар – Скопје
– Музеј на Град Скопје
– Зоолошка градина – Скопје
– Детски културен центар – Карпош
– Градска библиотека „Браќа Миладиновци”
Поставени се пристапни рампи за лицата со попреченост во сите Јавни
претпријатија во Град Скопје, и тоа во:
– ЈП Паркови и зеленило – Скопје
– ЈП Градски паркинг – Скопје
– ЈП Улици и патишта – Скопје
– Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје
– ЈП Комунална хигиена – Скопје
– ЈП Водовод и канализација – Скопје
– Депонија Дрисла – Скопје
– ЈП за благосостојба на животни скитници Лајка – Скопје
– ГЕС СКОПЈЕ ГАС ДООЕЛ – Скопје
Град Скопје ќе продолжи да ги исполнува барањата на граѓаните и организациите,
со цел целосна пристапност и отвореност на сите градски институции за сите
скопјани.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.